ЗА НАС

Инфо центарот за евроатлантски интеграции има за цел да го пополни недостатокот на информации за предностите и евентуалните слабости од членството во НАТО, преку нудење на простор за аргументирана дебата членството во НАТО. Овој недостаток на информации се должи на ниското ниво на комуникација на властите со граѓаните, практично непостоечката формална едукација на граѓаните за НАТО, како и недостаток на релевантни истражувања за знаењето и ставовите на граѓаните кон НАТО.

01

НАТО КАраванот се спроведување во периодот од Септември до Декември 2019 година. Во овој временски период, НАТО Караванот посети 6 градови, а финалните настани се оддржаа во Скопје.

02

Во просториите на Инфо-Центарот, како и на други локации, се одржуваат работлници со пензионери кои имаат за цел да ги едуцираат и информираат постарите лица за придобивките и евентуалните слабости од членството на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

03

Во просториите на Инфо-Центарот, како и на други локации, се одржаа неколку тематски работилници кои се наменети за одредена група на луѓе и/или професија, и имаат за цел подигање на свеста за детектирани слабости во одредени области и нивно унапредување.

Порака од програм координаторот

Почитувани читатели, Добродојдовте на официјалната веб-страница на Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции. На оваа веб-страница ќе можете да пристапите до најновите релевантни информации поврзани со евроатлантските интегративни процеси на нашата држави. Оваа веб-страница ќе послужи како платформа за младите да ги изразат своите мисли, да ја подигнат свеста за одредени теми, да достават статии и трудови за објавување, како и да најдат материјали за нивните академски задачи и испити во врска со процесот и придобивките од евроатлантските интеграции за нашата земја. Со почит,

Е. Х. 2020

Elmas Hasanovic

Добивајте ги најновите известување поврзани со НАТО и ЕУ

Претплатете се на нашиот билтен.

Претплатете се за да ги добивате најновите известување за настани и разни случувања на Инфо Центарот за Евро Атлантски Интеграции.

Newsletter

ЧПП

Што е НАТО?

Североатлантската Алијанса (НАТО), е една од најголемите меѓународни организации во светот. НАТО преставува воено-политички сојуз на 29 земји од Европа и Северна Америка. НАТО сојузниците соработуваат во полето на безбедноста и одбраната, и користат политички и присилни средства за оддржување на меѓународниот мир и безбесност.
Целите на НАТО се:

1. Заштита на народот
2. Градење цврсти партнерства
3. Борба против нови закани
4. Градење мир и стабилност.

 

Keyword: воено-политички сојуз

Кои се придобивките од членството во НАТО?

Придобивките се бројни. Најпрвин, членството во НАТО преставува цврста гаранција за нашата безбедност и сигурност. Со членството во НАТО нашата безбедност е устоличена, а безбедноста на нашите граници загарантирани. Една од најголемите придобивки е солидарноста. Сите сојузници соработуваат меѓусебно во разни области и делуваат здружено во борбата со разни закани. Како членка на НАТО, размената на безбедносни информации е од круцијална значење за детектирање и превенирање безбедносни ризици и предизвици. Понатаму, нашата земја ќе стане рамноправна членка НАТО со еднакво право на глас. Сите одлуки во НАТО се носат со консензус, и нашиот глас ќе биде еднаков со гласот на сите останати НАТО сојузници.
Покрај политичко-безбедносните, членството во НАТО носи и економски придобивки. За нашите компании, се отвора пристап до нов пазар од на 1 милијарда луѓе. Членството во НАТО е еден од клучните фактори за привлекување на странски инвестиции. Со пристапувањето во НАТО, нашата земја станува видлива на мапата на странските инвеститори. Како резултат на тоа, растат странските инвестиции, се бележи економски раст, се отвораат нови работни места, а последователно на тоа растат и платите за вработените.

Што е ЕУ?

Европската унија (ЕУ) е политичкo-економска унија на 28 земји-членки кои се наоѓаат во Европа. Европската Унија има развиено внатрешен единствен пазар преку стандардизиран систем на закони што се применуваат во сите земји-членки во тие прашања, и само за оние теми, за кои земјите-членки се согласни да дејствуваат како едно. Во Шенген зоната, пасошките контроли се укинати. Монетарната унија е основана во 1999 година, стапувајќи на сила во 2002 година и е составена од 19 земји-членки на ЕУ кои користат иста валута – ЕВРО.

Целта на Европската Унија е да обезбеди слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во рамките на внатрешниот пазар, усвојување на законодавство во областа на правдата и внатрешните работи и одржување на заеднички политики во областа на трговијата, земјоделството, рибарството и регионален развој.

Кои се придобивките од членството во ЕУ?

Придобивките од членството во ЕУ, земјите-членки ги чувствуваат уште во иницијалната фаза и претпристапните преговори. Најбитната придобивка е што нашата земја ќе биде дел од европското семејство кое во моментов брои 28 земји-членки. Со интегрирањето на заедничкиот економски пазар, ќе се овозможи слободно движење на луѓе, стока, услуги и капитал од Република Северна Македонија во Европската Унија. Се отвораат бројни можности за работа за нашите граѓани и компании на Европскиот пазар кој брои над 450 милиони жители. Процесот на длабок скрининг, мониторинг и евалуација во текот на преговорите за членство во Европската Унија ќе овозможат детектирање на слабостите во работењето државниот апаратус, како и мониторинг и евалуација на динамиката и степенот на реформите во овие области. Крајната цел е сите земји-членки да делат исти ЕВРОПСКИ вредности.

Нато Караван

450
Граѓани во вкупно 5 панел дискусии
650+
Средношколци од вкупно 37 средни училишта
550+
Студенти на вкупно 6 студентски дебати

Временска Рамка на РСМ со НАТО

1993
01
Резолуција
Собранието усвои Резолуција за влез на земјата во НАТО
1995
02
Партнерство за Мир
Република Северна Македонија го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир
1996
04
Канцеларија за врски на РМ
Во седиштетот на НАТО, во Брисел, е отворена првата Канцеларија за врски на РСМ, а во 1997 Постојаната мисија на РСМ во НАТО
1999
03
Кандидат за членство
На Самитот на НАТО во Вашингтон; подготовка за реализација на АПЧ.
2001
05
Вооружен конфликт
Клучна улога во смирување на насилствата, преговори и разоружување на бунтовниците.
2003
06
Јадранска Повелба
Регионална соработка во НАТО контекст помеѓу САД, Албанија, Република Северна Македонија, Хрватска, БиХ и Црна Гора
2002/03/06
07
Воена поддршка
Република Северна Македонија испраќа воен персонал во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак, БиХ (ЕУ) и Либан (OOH).
2014
07
ЈИЕ Група
Република Северна Македонија 3 пати претседава со Групата за безбедноста соработка во ЈИЕ во рамките на НАТО.

Настани

Насатани

Сведоштва

Караванот на НАТО е активност за пофалба. Јас исто така со задоволство учествував во некои од настаните. За пофалба е затоа што секогаш е добро луѓето да се запознаат подобро со организацијата во која се приклучува земјата.

Генерал Зоран Јанковиќ
Шеф на нато канцеларија за врски во РСМ