Image Alt

Инфо центар за евроатлантски интеграции

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕВЕРНОАТЛАНТСКИОТ ДОГОВОР (НАТО)

ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ
Белгија, Канада, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција,
Унгарија, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка,
Полска, Португалија, Шпанија, Турција, Велика Британија и
Соединетите Американски Држави

Со потпишувањето на Северноатлантскиот договор во април 1949
година во Вашингтон се создаде сојуз за колективна одбрана дефиниран
во Членот 51 од Повелбата на Обединетите нации. Договорот има
неограничено траење. На 4 април 1999 година беше одбележана
50-годишнината на Договорот.
Во согласност со Член 10 од Договорот, Алијансата останува
отворена за приклучување на други европски држави кои се во можност
да ги унапредат нејзините принципи и да придонесат за безбедноста во
северноатлантската област. Во 1952 година Грција и Турција им се
придружија на првобитните 12 земји членки на Алијансата, по кои следеа
Сојузна Република Германија во 1955 година и Шпанија во 1982 година.
Во јули 1997 година на Самитот во Мадрид шефовите на државите и
владите од Алијансата поканија уште три земји да почнат со разговорите
за приклучување а на 12 март 1999 година Полска, Унгарија и Чешка
формално станаа членки на НАТО. Алијансата сега поврзува 17 европски
земји со САД и Канада.
Паралелно со внатрешната и надворешната трансформација на
Алијансата којашто почна со крајот на Студената војна, НАТО го
воспостави Евроатлантскиот партнерски совет или “ЕАПС” како форум за
консултација и соработка со земјите партнери во целокупната
евроатлантска област. Тој разви интензивна програма на практична
соработка и редовни консултации со 27 земји кои учествуваат во
иницијативата на Партнерството за мир која беше иницирана во 1994
година. Разви нови структури кои ја отсликуваат интензивираната
соработка со Русија и партнерството со Украина, како и унапредениот
дијалог со заинтересираните медитерански земји. Спроведе широка
внатрешна и надворешна реформа и се разви во инструмент за мир и
стабилност во евроатлантската област на почетокот на новиот милениум.
3
Во текот на 1999 година НАТО ја прослави својата 50-годишнина.
Самитот се одржа во Вашингтон во април 1999 година, во екот на
конфликтот на Косово кога НАТО земјите спроведуваа воздушна кампања
за прекин на етничкото чистење и репресија на човековите права кои беа
прекршувани од владата на Сојузна Република Југославија. Конфликтот
заврши кон крајот на јуни 1999 година по повлекувањето на српските сили
и распоредувањето на Силите за Косово (КФОР) водени од НАТО а
упатени од страна на Советот за безбедност на ОН преку спроведување
на Воено-техничкиот договор, кој беше склучен на 9 јуни.
Вашингтонскиот самит се концентрираше врз тековната криза на
Косово и се осврна на прашањата врзани за идната стабилност во
Југоисточна Европа. Другите мерки коишто беа утврдени во Вашингтон
вклучуваа одобрување и публицирање на ревидираниот Стратегиски
концепт на Алијансата; прифаќање на Акциониот план за членство;
прифаќање на мерките за понатамошно унапредување на програмата на
Партнерството за мир; и отпочнување со нови иницијативи чија цел е
земјите членки на НАТО да ги прилагодат своите одбранбени можности
кон потребите кои се менуваат и да презентира нов момент во напорите
за ограничување на пролиферацијата на оружје за масовно уништување.
Развојот на настаните кои следеа во рамките на Алијансата особено
се фокусираа врз зајакнувањето на Европскиот безбедносен и одбранбен
идентите во рамките на Алијансата и врз развојот на структурите за
соработка меѓу НАТО и Европската унија по одлуките што ЕУ ги донесе за
развој на оперативната улога во однос со кризниот менаџмент и чувањето
на мирот.

 

Превземено од: Одбрана.

 

Линк до целиот НАТО прирачник: линк.

Add Comment