Image Alt

Инфо центар за евроатлантски интеграции

Полигон за воени воени вежби криволак

Криволак е армиски полигон за воени вежби во Република Северна Македонија. Отворен е во 1970 година како дел од воената доктрина на поранешната Југословенска Народна Армија. Лоциран е во централниот дел на земјата, во близина на градот Неготино и веднаш до главниот автопат на коридорот север-југ „Пријателство”.

Површината на центарот за обука е 22.546 хектари и е еден од најголемите центри за воена обука во Европа.

Според Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, мисијата на центарот за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на армијата.

Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.

Криволак зафаќа голема површина на воглавно неплодно земјиште. Ридови, долини, водни и пустински површини кои се користат за тестирање на вештините и издржливоста на војниците. Воените вежби што се одвиваат таму се честопати комбинација од стрелање со тешка артилерија, воздушно бомбардирање и пешадиски напади. Многу објекти се користат за симулирање на реални воени услови, вклучувајќи и привремени згради и конструкции, возила и други препреки.

Уште откако Северна Македонија стана независна во 1991 година, пристапувањето во НАТО-Алијансата беше дефинирано како стратешка определба и досега беше поддржано од сите влади.

Во 1995 година, Северна Македонија стана полноправна членка на Партнерството за мир на НАТО (ПзМ), а со тоа земјата доби можност да покаже дека може и сака да биде една од рамноправните членки на Алијансата. Од 1995 година, Северна Македонија започна тесно да соработува со НАТО во однос на реформирање и градење на капацитетите на својата армија и учество во меѓународни миротворни мисии.

Во периодот од 12 до 16 Мај 1997 година, во центарот за обука во Криволак се одржа првата мултинационална вежба „Спасител ’97“ во рамки на програмата ПзМ.

До денес, повеќе од 25 мултинационални вежби се изведени во центарот за обука Криволак. На овие вежби учество имаат земено сите членки на НАТО, како и земји кои не се членки на НАТО – Косово, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Украина и Грузија.

За огромните капацитети на самиот полигон сведочат војниците и офицерите кои учествувале во разни вежби:

„Кога целосно ќе се обнови оваа македонска локација за обука, ќе може да се смести механизирана бригада од неколку илјади војници”, истакна полковник Ник Дуцич, командант на Мултинационалната борбена група задолжена за безбедноста на источно Косово.

Вежбите кои завршија на 20 Август 2018 година, имаа за цел да покажат дека локацијата е погодна за поголеми вежби, како што е и планот за вежба следната година која ќе брои околу 1.000 војници од САД и Македонија“, кажаа воените претставници за време на вежбите на Армијата на САД во Криволак од 13 до 20 Август 2018 година.

„Армијата на САД бара места за обука. Ние го пласираме Криволак како алтернатива, ако не и решение. Изградено пред 70-тина години, полигонот бил користен од поранешната југословенска војска за обука со високо-калибарско оружје и вежби за воздушни напади. Ова го прави Криволак „совршен за големи сојузнички вежби“, изјави Патрик Енрикез, заменик-началник за Канцеларијата за соработка во одбраната при Американската амбасада во Скопје.

Република Северна Македонија беше сертифицирана од страна на Командата за обука на 7-та Армија, која ги демонстрираше способностите на АРМ официјално да биде домаќин на воената обука спонзорирана од САД и да му ја покаже на раководството на САД и НАТО, способноста на Република Северна Македонија да биде домаќин на идни обуки на Криволак.

Почнувајќи од Април 2012 година, Советодавниот тим на НАТО (СТН) стана клучен дел од мисијата на НАТО во Северна Македонија. „Проценката на потенцијалот на Криволак како регионален/НАТО капацитет за обука“ е еден од многубројните проекти кои ги спроведува СТН.

Со оглед на тоа што Северна Македонија целосно ќе му пристапи на НАТО, воените вежби можат да го отворат патот за враќање на статусот на Криволак како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници на НАТО место за вежби.

м-р Елмас Хасановиќ
Фулбрајт Алумни
Програм Координатор
Инфо-центар за евроатлантски интеграции

Референци:

https://www.stripes.com/news/us-gunnery-drill-could-open-way-for-large-exercises-in-macedonia-1.541949
https://www.nato.int/ims/1998/i98-012e.htm
MoD Our Way To NATO
Chronology of NATO accession of Republic of Macedonia 2017
http://morm.gov.mk/
https://www.dvidshub.net/news/printable/287772

 

превземено од: линк.

Add Comment