Image Alt

Инфо центар за евроатлантски интеграции

Криволак нема да биде депонија, а уште помалку за радиоактивни материјали

Оригинален наслов: Лазански: НАТО го добива Криволак, а Македонија станува депонија за радиоактивна муниција

Оваа статија е манипулативна со погрешно толкување на фактите и релевантните информации, со цел да се збунат и заплашат граѓаните во врска со членство во НАТО. Покрај оваа статија, истата дезинформација се појави и во други медиуми и на социјалните мрежи, но произлегува од колумната на Мирослав Лазански, објавена на веб-страницата на српска Политика.  Клучната дезинформација е дека НАТО ќе го добие воениот полигон „Криволак“ и дека Северна Македонија ќе стане депонија за радиоактивна муниција. Покрај тоа, како и во сите наративи за дезинформирање, фактите се погрешно толкувани и презентирани, со цел да ја вознемират јавноста и предизвикаат недоверба во институциите.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

Колумнистот има право на слободен говор, но колумната не може да се третира како доказ за ништо и не треба да се користи како средство за ширење на страв и параноја. Мирослав Лазански е еден од теоретичарите на заговор, активни на Балканот, воено-политички аналитичар, и пратеник номиниран од страна на владеачката СНС партија во Србија, добро познат по својата критика кон НАТО и про-руски ставови. Авторот не дава никакви докази за евидентна употреба на боева муниција со осиромашен ураниум од страна на силите на НАТО при обука. Така, тој тврди дека НАТО ќе користи радиоактивна муниција во Северна Македонија без никаква релевантна поткрепа.

Воениот полигон „Криволак“ е во сопственост на државата, а со тоа силите на НАТО може да го користат воениот полигон за обука во соработка со Армијата на Република Северна Македонија.

Во однос на стравот од можна употреба на радиоактивни материјали од страна на силите на НАТО, Министерството за одбрана, објави официјален демант, отфрлајќи ги тврдењата дека каков било радиоактивен материјал бил користен од силите на НАТО за време на заедничката обука на „Криволак“, што се одржа во 2018 година. Исто така, нема официјална изјава на НАТО или која било друга членка на НАТО и/или земја-партнер која би имплицирала можна употреба на осиромашен ураниум при обуката.

Add Comment