НАТО Караван

Велес, Штип, Куманово, Струмица, Прилеп, Битола
09
Sep

НАТО Караван

Велес, Штип, Куманово, Струмица, Прилеп, Битола

Во периодот од Септември до Декември 2019 година, Инфо центарот за евроатлантски интеграции го имплементираше НАТО караванот во Источниот дел на Република Северна Македонија. Целта на НАТО Караванот е да се поттикне аргументирана дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО.

Во рамките на караванот во секој град во ист ден се оддржуваа по неколку настани наменети за различни засеганти групи.

–             Презентација за средношколци – “Дебатираме за НАТО”;

–             Дебата за студенти (во оние градови во кои има факултети);

–             Панел дискусија/дебата со граѓани.

Овие настани им пружија можност на граѓаните да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија, како и улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко

  1. Градови во кои беа одржани дебати со студенти:
  • Битола – Правен Факултет, УКЛО
  • Прилеп – Економски факултет, УКЛО
  • Штип – Универзитет Гоце Делчев
  • Скопје – Факултет за Безбедност – Скопје, УКЛО; Прв Приватен Универзитет “ФОН”; и Филозофски Факултет, УКИМ.

 

  1. Градови и теми на оддржани панел дискусии со граѓани:
  • Штип – политичко-безбедносна тема
  • Куманово – политичко-безбедносна тема
  • Струмица – економска тема
  • Прилеп – на економска тема
  • Битола – политичко-безбедносна тема
  1. Градови во кои беа оддржани презентации со средношколци:
  • Велес
  • Штип
  • Куманово
  • Струмица
  • Прилеп
  • Битола