За нас

Дознајте повеќе за нашата цел и мисија.

Кој сме ние?

Инфо центарот за евроатлантски интеграции има за цел да го пополни недостатокот на информации за предностите и евентуалните слабости од членството во НАТО, преку нудење на простор за аргументирана дебата членството во НАТО. Овој недостаток на информации се должи на ниското ниво на комуникација на властите со граѓаните, практично непостоечката формална едукација на граѓаните за НАТО, како и недостаток на релевантни истражувања за знаењето и ставовите на граѓаните кон НАТО.

Оттука, главната цел на проектот е да обезбеди простор за активен дијалог, со што ќе придонесе за зголемено знаење на граѓаните за евроатлантските интеграции.

Специфичните цели на Инфо центарот за евроатлантски интеграции се:

01
s

Обезбедување

На граѓаните со навремени, точни и објективни информации за евроатлантските интеграции;

01
s

Обезбедување

На директен контакт на граѓаните со носителите на одлуки од оваа област;

01
s

Обезбедување

Платформа за дијалог и дебата за евроатлантските интеграции меѓу противниците и претставниците на различни групи на засегнати страни;

01
s

Обезбедување

Поддршка на медиумите во истражувањата кои се однесуваат на евроатлантските прашања;

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции е проект кој го спроведува Граѓанската Асоцијација “МОСТ”.